Винисиус се извини, но не и на Столе што го удри

January 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Винисиус се извини, но не и на Столе што го удри

Фудбалерите на Реал Мадрид и Валенсија се сретнаа на реванш натпревар од 12. коло на Ла Лига, кој се одигра на стадионот „Месталја“. Натпреварот беше исполнет со драматични моменти, а Реал успеа да слави со 2:1, иако играше со играч помалку во последните минути. Валенсија го отвори резултатот преку Уго Дуро, додека Лука Модриќ во 85. минута израмни. Џуд Белингем во 95. минута постигна гол за целосен пресврт. Ситуацијата за Реал се искомплицира во 80. минута, кога Винисиус Жуниор доби директен црвен картон. Бразилецот реагираше агресивно и го удри голманот на Валенсија, Столе Димитриевски, што резултираше со негово исклучување по интервенција на ВАР. По натпреварот, Винисиус упати извинување преку социјалните мрежи, пишувајќи: „Извинете и ви благодарам, екипо!“ Со оваа победа, Реал Мадрид се зацврсти на врвот со 43 бода, два повеќе од Атлетико, кој има еден натпревар помалку, и пет бода предност пред Барселона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.