ПСЖ одбил да го потпише Роналдо: Бил стар и скап

January 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

ПСЖ одбил да го потпише Роналдо: Бил стар и скап

Кристијано Роналдо влезе во последните шест месеци од својот договор со Ал Наср, што според правилата на ФИФА му овозможува да преговара со други клубови. Во оваа фаза, нема конкретни информации за продолжување на неговиот договор или за тоа какви се неговите идни планови. Според шпанските медиуми, неговиот менаџерски тим го понудил Роналдо на ПСЖ. Меѓутоа, францускиот гигант го одбил предлогот, наведувајќи дека Португалецот е премногу скап и возраста не одговара на нивната стратегија. Иако не е јасно дали ова значи дека Роналдо ќе се врати во европскиот фудбал, јасно е дека тој сè уште има амбиции да продолжи со играње. Неговата цел да постигне 1.000 голови во кариерата покажува дека пензионирањето не е во неговите блиски планови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.