Ново „Ел Класико“ во С. Арабија: Реал сака одмазда, Барса подигање на формата

January 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Анализи

Ново „Ел Класико“ во С. Арабија: Реал сака одмазда, Барса подигање на формата

Во Саудиска Арабија вечерва ќе се одигра финалето на шпанскиот Суперкуп, каде што Барселона и Реал Мадрид ќе се борат за првиот трофеј во 2025 година. Реал Мадрид стигна до финалето по убедливата победа од 3:0 над Мајорка во полуфиналето, додека Барселона го елиминираше Атлетик Билбао со резултат од 2:0. Каталонците во изминатиот период беа во подобра форма, но сега се трети на табелата со 38 бодови, зад Реал Мадрид кој има 43 бодови, и Атлетико Мадрид кој е на второто место со 41 бод и натпревар помалку. Реал Мадрид ќе се обиде да се одмазди за поразот во првенството, кога Барселона ги совлада со 4:0 среде Мадрид под водство на Ханси Флик. Иако тимот на Анчелоти во моментот се наоѓа во нешто подобра форма, дуелите помеѓу двата најголеми шпански ривали секогаш носат непредвидливи исходи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.