Барди го раскина договорот со Трабзонспор, четири опции за негов следен клуб

January 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барди го раскина договорот со Трабзонспор, четири опции за негов следен клуб

Енис Барди, македонскиот репрезентативец, стана слободен агент откако го раскина договорот со Трабзонспор, според турските медиуми. Информациите од Sports Digital потврдуваат дека Барди ја завршил соработката со клубот, што го прави достапен за нови понуди. За неговите услуги интерес покажале четири тима, два од Шпанија и два од Турција. Шпанските клубови Еспањол и Рајо Валјекано, како и турските Башакшехир и Ејупспор, се потенцијалните опции за Барди. Очекувањата се дека тие наскоро ќе поднесат официјални понуди за негов ангажман.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.