January 16, 2025 | | Свет
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и португалската репрезентација, Фабио Коентрао, е во центарот на вниманието откако беше уапсен за нелегално одгледување на ракови. Според португалските медиуми, тој имал над еден тон морски плодови, вклучувајќи јастози и ракчиња, без потребните дозволи. Коентрао, кој ја заврши својата фудбалска кариера пред три години, се посвети на рибарството – страст што ја наследил од својот татко.
„Татко ми секогаш имаше брод и од мали нозе бев дел од тоа. Секогаш кога имав време, бев на море. Се чувствувам среќно таму. Луѓето мислат дека оваа работа е срамна, но за мене тоа е чесна професија која треба да се почитува“, изјави Коентрао.За време на својата блескава кариера, Коентрао освои две титули во Лигата на шампионите и две во шпанското првенство со Реал Мадрид. Во неговата статистика за „кралскиот клуб“ се запишани 106 настапи, еден постигнат гол и 11 асистенции. Покрај тоа, настапуваше за Бенфика, Спортинг и Монако, а за португалската репрезентација забележа 52 натпревари и постигна пет голови. И покрај спортските успеси, Коентрао одлучи да го насочи својот живот кон морето и рибарството, кое отсекогаш го привлекувало.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |