Новото засилување веќе е сензација во Милан: Навивачите масовно го купуваат неговиот дрес

February 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Новото засилување веќе е сензација во Милан: Навивачите масовно го купуваат неговиот дрес

Трансферот на Сантијаго Хименез во Милан го возбуди клубот и неговите навивачи, а одличните продажни резултати на дресови го потврдуваат тоа. Мексиканскиот напаѓач стана второ засилување за "росонерите" ова лето, откако Милан го потврди трансферот од Феенорд за околу 35 милиони евра, со бонуси вклучени. По неговото пристигнување, продажбата на дресови на Милан скокна драстично. Всушност, само 24 часа по објавата на трансферот, забележан е неверојатен раст од 388% во онлајн продажбата на дресови, додека продажбата на персонализирани дресови се зголемила за дури 543%. Интересот за дресовите на Хименез бил огромен, бидејќи 92% од продадените дресови имале неговото име и број. Најмногу купувачи доаѓаат од САД (42%), следени од Мексико и Италија (по 18%), а Холандија придонела со 9%.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.