Њукасл повторно подобар од Арсенал, ќе игра во финалето на Лига Купот (ВИДЕО)

February 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Њукасл повторно подобар од Арсенал, ќе игра во финалето на Лига Купот (ВИДЕО)

Њукасл е првиот финалист во англискиот Лига Куп. Тимот на Еди Хау повторно го совлада Арсенал, овој пат на „Сент Џејмс Парк“, и обезбедија место во финалето на „Вембли“. Таму ќе се соочат со подобриот од дуелот помеѓу Тотенхем и Ливерпул. По победата од 2-0 во Лондон, вечерва со ист резултат Њукасл славеше и на домашен терен. Во претходните кола тие доживеаа два неочекувани порази од Фулам и Борнмут. Вечерва, од самиот почеток тргнаа агресивно. Исак веќе во четвртата минута ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд. Сепак, Марфи во 19. минута успеа да го совлада голманот Раја и донесе водство од 1-0. Во второто полувреме Гордон прво пропушти одлична шанса за зголемување на водството, но подоцна беше прецизен и го постави конечниот резултат од 2-0, со што ја запечати победата на Њукасл. Во другото полуфинале, Тотенхем и Ливерпул ќе се судрат на „Енфилд“, каде „петлите“ носат минимална предност од 1-0 од првиот натпревар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.