February 7, 2025 | | Свет
Реал Мадрид веќе три сезони се соочува со сериозни проблеми со повреди, особено во одбраната, што го принудува тренерот Карло Анчелоти постојано да импровизира во составот. Сезонава, тимот остана без Дани Карвахал и Едер Милитао, кои се надвор од конкуренција, додека Давид Алаба повторно се повреди по 13-месечно отсуство. Минатиот викенд, пак, нов удар претрпе и најстандардниот дефанзивец Антонио Рудигер. Со ваква ситуација, Анчелоти мораше да го користи Аурелиен Чуамени како централен бек, иако неговата природна позиција е во средниот ред. Како одговор на овие проблеми, претседателот Флорентино Перез веќе донел одлука да ја засили одбраната во летниот преоден рок. Според шпанските медиуми, прва мета на „кралевите“ е Вилијам Салиба, 23-годишниот стопер на Арсенал. Французинот се афирмираше како еден од најдобрите дефанзивци во светот, а минатата година беше номиниран за „Златната топка“. Арсенал го доведе од Сент Етјен за 30 милиони евра, а потоа го прати на позајмици во Ница и Марсеј пред да стане клучен играч во Лондон. Реал Мадрид би морал да издвои најмалку 100 милиони евра за неговиот потпис, што би го направило најскапиот дефанзивец во историјата, надминувајќи го рекордот на Јошко Гвардиол, кој пред 18 месеци премина во Манчестер Сити за 90 милиони евра.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |