February 13, 2025 | | Свет
Бразилската ѕвезда Винисиус се најде во центарот на шпекулациите за неговата иднина во Реал Мадрид, откако одби да потпише нов договор со клубот. Дополнително, утрово беше откриено дека имал лична средба со претставници на Фудбалската Федерација на Саудиска Арабија, кои сериозно го посакуваат во својата лига. Според мадридскиот весник Marca, кој е добро упатен во случувањата во „кралскиот клуб“, состанокот бил одржан во Прага на „неутрален терен“. Винисиус, заедно со своите агенти, седнал на маса со потпретседателот на Про-лигата на Саудиска Арабија, Саад ал Лазез, а разговорите траеле околу 15 минути. Дополнително, тој имал и видео-разговори со високи државни функционери, кои директно му ја пренеле нивната желба да го донесат во земјата. Понудата што ја добил Винисиус е исклучително атрактивна, бидејќи му се нуди статус на главна ѕвезда на лигата во следните години, особено по очекуваното пензионирање на Кристијано Роналдо. Според Marca, финансиските услови се драстично повисоки од оние што ги нуди Реал за продолжување на договорот. Доколку трансферот се реализира, Реал Мадрид би можел да инкасира најмалку 300 милиони евра од неговата продажба. Овие средства клубот планира да ги инвестира во доведување на најмалку две големи засилувања во летниот преоден рок.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |