February 16, 2025 | | Свет
Најголема тема по натпреварот меѓу Осасуна и Реал Мадрид е исклучувањето на Џуд Белингем, кое предизвика големи реакции. Според главниот судија, Англичанецот го навредил со зборовите „е*и се“, што беше наведено и во официјалниот записник. Сепак, Белингем по мечот изјави дека бил погрешно разбран и не изговорил такво нешто. Шпанските медиуми потсетија дека ова не е првпат Белингем да има несогласувања со судијата Муниер. Во натпревар против Еспањол, камерите го снимија како по добивањето жолт картон од истиот арбитер коментира: „Какво го*но“. Тогаш, меѓутоа, не беше исклучен и не претрпе дополнителни санкции.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |