February 28, 2025 | | Свет
Легендарниот француски фудбалер Тјери Анри не ја крие својата воодушевеност од талентот на Ламин Јамал, нагласувајќи дека ужива да го гледа младиот Шпанец во игра. Анри ја потенцираше неверојатната зрелост што Јамал ја покажува на теренот, и покрај неговите млади години. Како пример ја издвои ситуацијата од полуфиналето на Европското првенство меѓу Шпанија и Франција. „Во 60. минута, при резултат 2-1 за Шпанија, Унаи Симон му ја фрли топката, а тој ја смири со надворешниот дел од копачката, погледна нагоре и имаше шанса да оди еден на еден против Тео Ернандез. Веќе постигна гол, така што никој немаше да му замери доколку тргнеше во дриблинг. Но, тој се сврте кон соиграчите и им рече: ‘Смирете се’. Ти го правиш тоа на овие години, во полуфинале на Европско првенство? Тоа е друго ниво, тој размислува поинаку“, изјави Анри. Французинот истакна дека ваквата зрелост на Јамал е реткост за играч на негови години и дека токму затоа ужива да го гледа на теренот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |