Вечер на голманите: Шчесни и Алисон со одбрани што ќе се паметат (ФОТО)

March 6, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Вечер на голманите: Шчесни и Алисон со одбрани што ќе се паметат (ФОТО)

Барселона и Ливерпул се пласираа понатаму во Лигата на шампионите благодарение на маестралните настапи на своите голмани – Војчех Шчесни и Алисон Бекер. Обојцата беа прогласени за најдобри играчи на своите натпревари, откако Шчесни одбрани 26 удари, а Алисон се соочи со дури 27 обиди кон својот гол. Во историјата на нокаут-фазата од Лигата на шампионите, само трипати се случило екипа да не постигне гол и покрај 25+ удари кон противничката мрежа. Два од тие три случаи се случија токму синоќа, што ја прави оваа вечер единствена во историјата на Лигата на шампионите, во која двајца голмани приредија вакви неверојатни партии.

 
View this post on Instagram
 

A post shared by OneFootball (@onefootball)

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.