Несреќниот Деле Али: Заигра по две години, па веднаш доби црвен картон! (ВИДЕО)

March 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Несреќниот Деле Али: Заигра по две години, па веднаш доби црвен картон! (ВИДЕО)

Деле Али конечно ја доби својата шанса во дресот на Комо, откако помина одреден период на проба, а потоа потпиша и договор со клубот. Неговиот прв настап во Серија А се случи во натпреварот против Милан, кога влезе во игра во завршницата, при резултатска негатива од 2-1 за неговиот тим. Сепак, деби настапот на „Сан Сиро“ се претвори во кошмар, бидејќи по само десет минути на теренот доби директен црвен картон. Али од зад грб грубо стартуваше врз Рубен Лофтус Чик, газејќи го на мускулот. Главниот судија Маркети првично му додели жолт картон, но по интервенција на ВАР собата, одлуката беше променета во директно исклучување. Дури и неговиот сонародник Кајл Вокер кој моментално настапува за Милан го молеше судијата да не му покаже црвен картон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.