Меси го постигна својот прв гол во новата сезона во МЛС (ВИДЕО)

March 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси го постигна својот прв гол во новата сезона во МЛС (ВИДЕО)

Лионел Меси го запиша својот прв погодок во новата сезона на американската МЛС лига, предводејќи го Интер Мајами до триумф од 2:1 на гостувањето кај Атланта Јунајтед. Домаќините први дојдоа до предност во 11. минута преку Емануел Лате-Лат, поранешниот фудбалер на Мидлсброу. Само девет минути подоцна, Меси возврати – одзеде топка на работ од шеснаесетникот, на вешт начин го елиминираше Дерик Вилијамс и со прецизен удар го совлада голманот Бред Гузан, кој излезе да го скрати аголот. Жорди Алба во 89. минута го пронајде Фаф, кој ја затресе мрежата за конечни 2:1, носејќи му на Интер Мајами три бода. Тимот од Флорида останува на врвот во лигата по четири кола, со три победи и едно реми. Во досегашниот дел од сезоната, Меси има еден гол и две асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.