March 17, 2025 | | Македонија
Градскиот фудбалски клуб Тиквеш категорично ги отфрли обвинувањата од вчерашното соопштение на Гостивар, во кое индиректно беше поврзан со наводно труење со храна. Според нивните сознанија, гостинскиот тим бил сместен во карантин во хотел во Неготино, а не во Кавадарци. Дополнително, истакнуваат дека никој од стручниот штаб на Гостивар не пријавил здравствени проблеми кај играчите пред почетокот на натпреварот. „Никој од стручниот штаб на гостите пред почетокот на натпреварот не пријави било какви било здравствени проблеми кај фудбалерите. Тимот беше уредно пречекан и сè беше во најдобар ред до стартот на натпреварот“, се вели во соопштението на Тиквеш. Дополнително, клубот тврди дека дел од играчите на Гостивар, кои го почитувале Рамазанскиот пост, не консумирале храна и течности од изгрејсонце до почетокот на дуелот. Поради, како што наведуваат, манипулациите со јавноста и лажните тврдења, управата на Тиквеш најави тужба против челниците на Гостивар за клевета.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |