March 16, 2025 | | Македонија
Фудбалскиот клуб Гостивар денеска изнесе сериозни обвинувања за труење со храна пред нивниот натпревар во Кавадарци, само еден ден откако јавно се пожали на судењето.
Според нивното соопштение, играчите и стручниот штаб ноќта пред натпреварот престојувале во карантин во хотел во Кавадарци.
Клубот тврди дека медицинските анализи покажале знаци на труење во крвта кај сите членови кои биле сместени во хотелот.
Гостивар најави дека извештаите од лекарските наоди ќе бидат доставени до ФФМ и судските органи за да се спроведе детална истрага.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |