Стигна и потврда: Барселона нема да се врати на „Камп Ноу“ сезонава (ВИДЕО)

March 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Стигна и потврда: Барселона нема да се врати на „Камп Ноу“ сезонава (ВИДЕО)

Според информациите на RAC1 и Mundo Deportivo, Барселона нема да успее да се врати на „Камп Ноу“ оваа сезона. Ова значи дека Каталонците до крајот на сезоната ќе играат на „Монжуик“, а за ова веќе биле известени и членовите на клубот кои имаат сезонски карти. Токму утрово Барселона објави видео во кое беше прикажано до каде се работните активности. Ова фановите го сфатија како враќање на култниот стадион веќе сезонава, но по се изгледа такво нешто нема да се случи. Еве моментално како изгледа „Камп Ноу“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.