March 24, 2025 | | Свет
Турција ја продолжи својата доминација над Унгарија со убедлива победа од 3-0, а блесокот на Арда Ѓулер не се задржа само на фудбалскиот терен. Младиот ас на Реал Мадрид беше еден од стрелците, но и главен актер во мал вербален дуел со ѕвездата на Ливерпул, Доминик Собослаи.
По постигнатиот гол, Ѓулер испрати тивка, но јасна порака кон својот противник – со гестикулација побара од Собослаи да замолчи. Камерите го доловија моментот, а фоторепортерите го овековечија во кадар што брзо стана вирален на социјалните мрежи.
Собослаи не остана должен и со еден единствен број – „1088“ – испрати одговор во коментарите. Овој број, всушност, ја симболизира вкупната минутажа на Ѓулер во дресот на Реал Мадрид оваа сезона, потсетувајќи го дека сè уште има многу да докаже.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |