Искри на теренот: Собослаи и Ѓулер во вербален дуел, кавгата продолжи на социјалните мрежи!

March 24, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Искри на теренот: Собослаи и Ѓулер во вербален дуел, кавгата продолжи на социјалните мрежи!

Турција ја продолжи својата доминација над Унгарија со убедлива победа од 3-0, а блесокот на Арда Ѓулер не се задржа само на фудбалскиот терен. Младиот ас на Реал Мадрид беше еден од стрелците, но и главен актер во мал вербален дуел со ѕвездата на Ливерпул, Доминик Собослаи. По постигнатиот гол, Ѓулер испрати тивка, но јасна порака кон својот противник – со гестикулација побара од Собослаи да замолчи. Камерите го доловија моментот, а фоторепортерите го овековечија во кадар што брзо стана вирален на социјалните мрежи. Собослаи не остана должен и со еден единствен број – „1088“ – испрати одговор во коментарите. Овој број, всушност, ја симболизира вкупната минутажа на Ѓулер во дресот на Реал Мадрид оваа сезона, потсетувајќи го дека сè уште има многу да докаже.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.