June 21, 2024 | | Свет
Шпанија вчера ја совлада Италија со минимални 1-0 каде реалниот резултат требаше да биде и многу поголем во корист на Шпанија. Во редот на Шпанија, Родри нема да може да игра наредниот натпревар поради суспензија, каде и вчера и против Хрватска доби жолти картони, па така ќе одмара против Албанија во последното коло од групната фаза. Пред самиот старт на ЕУРО 2024, беа воведени нови правила кои ќе важат токму за овој турнир, а Родри е првиот кој ги искуси новите правила. Имено, причина за жолтиот картон кој го доби против Италија е приговор кон судијата, а новите правила велат дека само капитените ќе можат да разговараат со судиите, а во случај голманот да биде капитен, тогаш ќе има назначен фудбалер кој ќе зборува со судијата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |