June 21, 2025 | | Свет
По утринската официјална промоција на Аријан Адеми во унгарскиот клуб Ујпешт, Стефан Ристовски, преку социјалните мрежи му се обрати на својот поранешен капитен и долгогодишен соиграч.
Ристовски, кој неодамна исто така стави точка на својата приказна во Динамо Загреб, не остана рамнодушен на заминувањето на Адеми. Во трогателна порака, го нарече срцето на тимот – тивкиот лидер кој зборуваше најгласно тогаш кога најмногу беше потребно.
„Во секој тим постои срце. Не мора секогаш најмногу да зборува, ниту најмногу да трча, но кога и да затреба – тоа чука најсилно. За нас, тоа си ти“, напиша Ристовски.
Тој го опиша Адеми како симбол на борбеност, лојалност и човечност. Не само играч што дава сè на теренот, туку и човек што обединува, поддржува и инспирира надвор од него. Лидер кој не ја носел само капитенската лента, туку и тешкиот товар на одговорноста – со достоинство и срце.
„Твојот збор мотивираше, твојата борба инспирираше, а твоето присуство ни даваше сигурност на сите нас“, стои меѓу другото во пораката, која ја затвора со искрена благодарност за секој момент споделен на теренот и надвор од него.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |