„Капитенот што не се заборава“ – Стефан Ристовски со емотивно збогување за Аријан Адеми

June 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

„Капитенот што не се заборава“ – Стефан Ристовски со емотивно збогување за Аријан Адеми

По утринската официјална промоција на Аријан Адеми во унгарскиот клуб Ујпешт, Стефан Ристовски, преку социјалните мрежи му се обрати на својот поранешен капитен и долгогодишен соиграч. Ристовски, кој неодамна исто така стави точка на својата приказна во Динамо Загреб, не остана рамнодушен на заминувањето на Адеми. Во трогателна порака, го нарече срцето на тимот – тивкиот лидер кој зборуваше најгласно тогаш кога најмногу беше потребно. „Во секој тим постои срце. Не мора секогаш најмногу да зборува, ниту најмногу да трча, но кога и да затреба – тоа чука најсилно. За нас, тоа си ти“, напиша Ристовски. Тој го опиша Адеми како симбол на борбеност, лојалност и човечност. Не само играч што дава сè на теренот, туку и човек што обединува, поддржува и инспирира надвор од него. Лидер кој не ја носел само капитенската лента, туку и тешкиот товар на одговорноста – со достоинство и срце. „Твојот збор мотивираше, твојата борба инспирираше, а твоето присуство ни даваше сигурност на сите нас“, стои меѓу другото во пораката, која ја затвора со искрена благодарност за секој момент споделен на теренот и надвор од него.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.