June 26, 2025 | | Свет
Аматерскиот тим на Оукленд Сити испиша фудбалска бајка на Светското клупско првенство, откако успеа да извлече сензационално реми (1-1) против аргентинскиот гигант Бока Јуниорс. Иако веќе беа елиминирани по двоцифрените порази од Баерн (10-0) и Бенфика (6-0), за момците од Нов Зеланд ова реми значеше како златен трофеј.
Тимот кој функционира на полупрофесионално ниво, составен од играчи со секојдневни „обични“ професии – магационер (голманот Конор Трејси), агент за недвижности, инженер, фризер, наставник, машински оператор и трговец – успеа да му парира на еден од најтрофејните клубови во Јужна Америка.
Ова реми е првиот освоен бод за Оукленд на едно Светско клупско првенство, и токму затоа беше прославено како триумф. Фудбалската приказна на овие скромни, но срчани фудбалери уште еднаш потсети зошто овој спорт ја носи титулата „најубава игра“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |