Магационер, фризер, наставник, трговец запишаа историски бод против Бока Јуниорс (ФОТО)

June 26, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Магационер, фризер, наставник, трговец запишаа историски бод против Бока Јуниорс (ФОТО)

Аматерскиот тим на Оукленд Сити испиша фудбалска бајка на Светското клупско првенство, откако успеа да извлече сензационално реми (1-1) против аргентинскиот гигант Бока Јуниорс. Иако веќе беа елиминирани по двоцифрените порази од Баерн (10-0) и Бенфика (6-0), за момците од Нов Зеланд ова реми значеше како златен трофеј. Тимот кој функционира на полупрофесионално ниво, составен од играчи со секојдневни „обични“ професии – магационер (голманот Конор Трејси), агент за недвижности, инженер, фризер, наставник, машински оператор и трговец – успеа да му парира на еден од најтрофејните клубови во Јужна Америка. Ова реми е првиот освоен бод за Оукленд на едно Светско клупско првенство, и токму затоа беше прославено како триумф. Фудбалската приказна на овие скромни, но срчани фудбалери уште еднаш потсети зошто овој спорт ја носи титулата „најубава игра“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.