June 29, 2025 | | Свет
Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, се најде на удар на сопствените навивачи откако изрази желба да го напушти клубот и да се пресели во Барселона. Неговата изјава не само што предизвика бурни реакции во јавноста, туку доведе и до сериозни вандализми врз неговиот мурал во Билбао.
Првиот инцидент се случи на 27 јуни, кога муралот беше уништен веднаш по објавата за можниот трансфер. Локалните власти реагираа брзо и го обновија, но тој остана недопрен само 15 часа, пред повторно да биде вандализиран.
По новиот напад, јавноста жестоко реагираше, а властите уште еднаш го реставрираа. Сепак, незадоволството кај навивачите не стивнува, и муралот беше оштетен и по трет пат, што укажува на сериозно нарушени односи меѓу фудбалерот и дел од навивачката база.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |