Навивачки бес кон Нико Вилијамс – муралот трипати уништен по најавата за трансфер во Барселона

June 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Навивачки бес кон Нико Вилијамс – муралот трипати уништен по најавата за трансфер во Барселона

Фудбалерот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, се најде на удар на сопствените навивачи откако изрази желба да го напушти клубот и да се пресели во Барселона. Неговата изјава не само што предизвика бурни реакции во јавноста, туку доведе и до сериозни вандализми врз неговиот мурал во Билбао. Првиот инцидент се случи на 27 јуни, кога муралот беше уништен веднаш по објавата за можниот трансфер. Локалните власти реагираа брзо и го обновија, но тој остана недопрен само 15 часа, пред повторно да биде вандализиран. По новиот напад, јавноста жестоко реагираше, а властите уште еднаш го реставрираа. Сепак, незадоволството кај навивачите не стивнува, и муралот беше оштетен и по трет пат, што укажува на сериозно нарушени односи меѓу фудбалерот и дел од навивачката база.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.