July 3, 2025 | | Свет
Шпанската полиција официјално ги објави првите детали за трагичната сообраќајна несреќа во која животот го загубија Диого Жота, фудбалската ѕвезда на Ливерпул, и неговиот брат Андре. Несреќата се случила ноќта кон среда, околу 00:30 часот, во општината Чернадиља, покраината Замора, Шпанија. Според соопштението на Гардија Цивил, возилото – марка Ламборгини – излетало од патот при престигнување, откако му пукнала гума. По излетувањето, автомобилот се запалил, а и покрај брзата интервенција на надлежните служби, Жота и неговиот брат починале на лице место. „Автомобилот излетал од патот поради пукање гума при престигнување. Несреќата завршила со пожар, а двајцата патници – Диого Жота и Андре Фелипе – го загубиле животот“, стои во официјалното соопштение на шпанската полиција. Фудбалска Португалија, клубот Ливерпул, како и светската спортска јавност, се во шок поради загубата на двајца млади животи во оваа ненадејна трагедија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |