Столе Димитриевски заработи повреда пред да се донесе одлука за следниот клуб!

July 29, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Столе Димитриевски заработи повреда пред да се донесе одлука за следниот клуб!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доживеа повреда на левото рамо на еден од последните тренинзи на Валенсија, информираше шпанскиот клуб. Димитриевски ќе мора да помине третмани и рехабилитација, а тоа значи дека преговорите за негов потенцијален трансфер во нов клуб се ставени во мирување. Неизвесно е и дали ќе биде целосно спремен за продолжението на квалификациите за СП 2026, каде што има клучна улога во македонската репрезентација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.