July 29, 2025 | | Македонија
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски доживеа повреда на левото рамо на еден од последните тренинзи на Валенсија, информираше шпанскиот клуб. Димитриевски ќе мора да помине третмани и рехабилитација, а тоа значи дека преговорите за негов потенцијален трансфер во нов клуб се ставени во мирување. Неизвесно е и дали ќе биде целосно спремен за продолжението на квалификациите за СП 2026, каде што има клучна улога во македонската репрезентација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |