June 30, 2024 | | Свет
Продолжуваат натпреварите од осминафиналето на Европското првенство, а на програма денес има два натпревари. 18:00 Англија – Словачка Англичаните според некои аналитичари сеуште важат за фаворити на ова првенство иако тоа не го докажаа досега. Саутгејт мора нешто да менува бидејќи нивниот пат може и порано да заврши ако продолжат да играат без енергија и желба. Словачка од друга страна ја совлада Белгија во првото коло, па имаат причина да веруваат дека можат да ја победат и Англија. Поради искуството и квалитетот, шансите тоа да се случи не се големи, но имаат право да веруваат во се. Англија им должи на навивачите кои се надеваат дека во нокаут фазата ќе биде поинаку. Саутгејт и соиграчите имаат задача да покажат дека уште важат за еден од фаворитите за освојување на првенството. 21:00 Шпанија – Грузија Шпанија игра одлично и е селекција која има одлична комбинација на младост и искуство. Крилните играчи Вилијамс и Јамал се фантастични и буквално во секоја акција прават нешто различно и имаат храброст да покажат дека се желни за успех. Грузија пак игра на своето прво Европско првенство и веднаш успеаа да се квалификуваат во нокаут фазата. Победата над Португалија за нив значеше нокаут фаза на шампионатот, но исто така им донесе и голема самодоверба. Се очекува Шпанија да покаже дека се фаворити во овој натпревар и нивен евентуален пораз би бил вистински шок.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |