September 17, 2025 | | Македонија
Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше извршена ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија. Бранителот на трофејот Вардар доби релативно лесен противник – второлигашот Новаци, во реприза на дуелот од ланската сезона кога исто така се сретнаа во раната фаза од натпреварувањето. Минатогодишниот финалист Струга ќе му гостува на Македонија Ѓ.П, а ждрепката донесе уште две прволигашки пресметки: Силекс повторно на гости кај Башкими и Шкендија дома против Тиквеш. Екипите на Шкупи, Работнички и Пелистер ќе играат против второлигаши, додека во Струмица ќе се одигра едно од највозбудливите дуели – второлигашкото дерби меѓу Беласица и Детонит Плачковица. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на еден меч, закажани за 24 септември и 29 октомври 2025 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |