Куп на Македонија: Вардар против Новаци, дерби во Струмица

September 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Македонија

Куп на Македонија: Вардар против Новаци, дерби во Струмица

Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше извршена ждрепката за осминафиналето од Купот на Македонија. Бранителот на трофејот Вардар доби релативно лесен противник – второлигашот Новаци, во реприза на дуелот од ланската сезона кога исто така се сретнаа во раната фаза од натпреварувањето. Минатогодишниот финалист Струга ќе му гостува на Македонија Ѓ.П, а ждрепката донесе уште две прволигашки пресметки: Силекс повторно на гости кај Башкими и Шкендија дома против Тиквеш. Екипите на Шкупи, Работнички и Пелистер ќе играат против второлигаши, додека во Струмица ќе се одигра едно од највозбудливите дуели – второлигашкото дерби меѓу Беласица и Детонит Плачковица. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на еден меч, закажани за 24 септември и 29 октомври 2025 година.

Ждрепка – КУП НА МАКЕДОНИЈА Македонија Ѓ.П. – Струга Трим Лум Охрид Лихнидос – Шкупи 1927 Вардар – Новаци Башкими 1947 – Силекс Шкендија Тетово – Тиквеш Работнички – Брегалница 2008 Шкендија 77 – Пелистер Беласица – Детонит Плачковица

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.