(ВИДЕО) Меси ја утна „паненката“, но тука е херојот Дибу Мартинез кој ги носи во полуфинале!

July 5, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

(ВИДЕО) Меси ја утна „паненката“, но тука е херојот Дибу Мартинез кој ги носи во полуфинале!

Селекцијата на Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка, но сигурно дека не очекуваа до овој степен Еквадор да биде тврд противник и да мораат да играат на пенали. Аргентина поведе со голот на Лисандро Мартинез по 35 минути игра. Еквадор по 15-тина минути во второто полувреме доби шанса да изедначи, но Енер Валенсија од пенал ја погоди само стативата. Во 92. минута Родригез погоди за изедначување и го одведе натпреварот во пенал-рулетот. Меси прв шутираше за Аргентина и се обиде со паненка, но погоди пречка. За Аргентина погодија Алварез, Мекалистер, Монтиел и Отаменди. Мартинез повторно беше херој на Аргентина каде ги одбрани ударите на Мена и Минда, па така ги одведе „Гаучосите“ во полуфиналето каде што го чекаат подобриот од пресметката помеѓу Венецуела и Канада.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.