ЕП денес: Англија треба да биде претпазлива против Швајцарија, Холандија на мегдан со Турција

July 6, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

ЕП денес: Англија треба да биде претпазлива против Швајцарија, Холандија на мегдан со Турција

Програмата денес ќе започне со дуелот меѓу Англија и Швајцарија во 18 часот. Англија игра под секое свое ниво, но сепак стигнаа до четвртфиналето. Според многумина, тие се сеуште фаворити за освојување на Европското првенство. Имаше информации дека наводно Саутгејт ќе излезе со три стопери, начин на кој што и Швајцарија игра. Она што може да биде загрижувачко за Англија се и самите зборови на капитенот Кејн кој вели дека имаат проблем против тимови со три стопери. Токму одбраната на Англија ќе биде предизвикана од Емболо и Варгас кои се брзи и енергични фудбалери и кои покажаа дека прават огромни проблеми. Саутгејт за денешниот меч нема да може да смета на дефанзивецот Марк Геј кој е суспендиран поради жолти картони. Од друга страна Швајцарија покажа дека имаат играчи кои се технички одлично, дисциплинирани се и предводени се од Аканџи, Џака и Зомер. Тие се тактички флексибилен тим и тактиката е прилагодена на самите играчи, а не обратно. Во однос на вториот дуел кој се игра од 21 часот, Холандија покажа дека знае да победува и во исто време да игра убав фудбал во дуелот со Романија каде славеа со убедливи 3-0. Гакпо е во одлична форма, одбраната им е цврста, а имаат и добри опции од клупата кои внесуваат свежина, како на пример Дони Мален кој постигна да гола против Романија. Холандија ја подигна формата во вистински момент, но ќе бидат предизвикани од цврстата одбрана на Турција. Турците од другата страна ќе бидат и тоа како хендикепирани со отсуството на нивниот херој Демирал кој упати политички поздрав, каде неговата прослава се сметаше за поздрав до турските десничарски политички активисти „Сиви волци“. Други суспендирани играчи се Кокчу и Јуксек. Турција покажа дека има карактер и дека ќе се бори каде ја совладаа Австрија и тоа без Чалханоглу кој денес се враќа во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.