Муту откри зошто Роналдо сè уште не се откажува од фудбал

July 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Муту откри зошто Роналдо сè уште не се откажува од фудбал

Кристијано Роналдо е веќе 39 години и разбирливо е да пружи настапи кои се несвојствени за него. Иако не беше на нивото кое се бараше на Европското првенство, сепак тој нема намера да се откажува и не планира да замине во пензија. Имено, романската легенда Адријан Муту тврди дека ја знае причината зошто е тоа така. Според Муту, Роналдо ќе продолжи да биде активен се додека не заигра заедно со неговиот син кој сега има 14 години. „Тоа е неговата вистинска мотивација. Фактот дека сака да игра официјален натпревар со своето момче и затоа не се откажува. Па, во Ал Наср, тоа е можно. Да беше во друг тим, не знам, Реал Мадрид, ќе беше потешко. Ама да играат заедно за една година, мислам дека не е невозможно“, тврди Муту.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.