July 21, 2024 | | Анализи
Уште пред да биде официјализиран трансферот на Мбапе во Реал, сите се прашуваа каде и на која позиција ќе игра Мбапе. Факт е дека Винисиус игра на левата крилна позиција, но сезонава со Родриго двајцата беа напред каде играа и по крилата и влегуваа централно како шпицеви, а Белингем позади нив се уфрлаше од втор план. Тоа е стара тактика која Анчелоти успешно ја интегрираше во модерниот фудбал. Но, каде би играл Мбапе? Засега не е ништо потврдено, но најверојатно ќе игра централно, иако тој преферира лево, или пак ќе ротираат со Винисус со цел тимот да има придобивки. Воедно, Анчелоти беше запрашан околу позицијата на Мбапе а тој кратко даде одговор. „Ќе му пронајдеме позиција на Мбапе. Ако треба ќе го втурнеме некаде“, прокоментира Анчелоти. Тимот на Статива.мк претходно пишуваше за проблемите кои би можел да ги има Реал, но и за можните решенија околу позицијата на Мбапе, како и на Винисиус.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |