Мбапе и Вини заедно – како тоа ќе функционира?

June 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Анализи

Мбапе и Вини заедно – како тоа ќе функционира?

Откако вчера италијанскикот новинар Фабрицио Романо објави дека Мбапе веќе потпишал за Реал и дека во текот на неделата и официјално тоа ќе биде потврдено, нормално се отвара прашањето како Мбапе и Вини би функционирале заедно на теренот.

Познато е дека и двајцата преферираат да играат на левото крило, но вреди да се споменат некои аспекти околу целиот овој трансфер и како целата ситуација би изгледала на терен.

Тим како Реал Мадрид ретко купува играчи без да има јасен план

Како прво, не е спорно дека тим како Реал Мадрид не купува играчи без план, па нормално дека имаат направено одреден план како овие двајца би играле на терен заедно. Исто така, нешто се прашува и Родриго кој во моменталниот систем на Анчелоти е еден од најважните играчи во нападот.

На лето доаѓа и младиот Ендрик. Иако тој нормално на почетокот нема да биде во првите 11, сепак и тој ќе бара минутажа за да биде интегриран во играта. Арда Гулер исто така е играч со огромен потенцијал каде и тој ќе сака да биде една од звездите во тимот, но и тој не се очекува да има минутажа како нив.

Флексибилност на играчите се со цел успех на тимот

Ако сакаат тимски успех, и двајцата ќе мораат да се прилагодат на потребите на тимот тргајќи ја на страна гордоста и егото.

И двајцата во текот на самите натпревари ќе можат да ротираат па така одреден период едниот да биде крило а другиот најистурен играч и обратно. Постои и таа опција Мбапе да игра десно крило, но засега тоа е малку веројатно. Но, да ја почекаме следната сезона па ќе видиме како тоа ќе изгледа на терен.

Исто така, кога се работи за дефанзива, Мбапе и Вини ќе мораат да се жртуваат повеќе за тимот и да учествуваат во дефанзивата и во почетниот пресинг за да придонесат на тимот дефанзивно.

Интересно ќе биде да се види каков систем би имал Анчелоти следната сезона со оглед на тоа што тој најчесто се прилагодува на тимот што го поседува.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.