Наполи бара премногу за Осимен: ПСЖ ги прекина преговорите!

July 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Наполи бара премногу за Осимен: ПСЖ ги прекина преговорите!

Преговорите меѓу ПСЖ и Наполи за Осимен, не напредуваат по неодамнешните разговори и засега истите се стопирани. ПСЖ одби да го вклучи Канг-ин Ли во договорот и нема да ја активира клаузулата за ослободување како што сакаше Наполи, а станува збор за околу 130 милиони евра. Романо пренесе дека овој трансфер нема да се случи под ваквите околности. Воедно, ПСЖ е среќен и со Рамос и Коло Муани. Освен ПСЖ, засега нема друга конкретна екипа која го сака Осимен и која има испратено некаква официјална понуда. Се чини дека Наполи ќе мора да ја намали цената ако воопшто сака да го продаде Осимен кој изрази голема желба да си замине летово.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.