Лапорта ќе прифати да го купи Нико и наредното лето, ама под еден услов

August 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Лапорта ќе прифати да го купи Нико и наредното лето, ама под еден услов

Трансферот на Нико Вилијамс во Барселона во моментов е во застој бидејќи Нико нема донесено одлука каде ќе игра наредната сезона. Иако се чинеше дека е пред преселба во Барселона, според последните информации поголеми се шансите Нико да остане во Билбао. Како што пренесува „Mundo Deportivo“, претседателот на Барселона Лапорта е спремен да го донесе Нико и догодина, но под еден услов. Откупната клаузула на Нико Вилијамс ќе треба да остане иста како сега за Барселона да тргне по него, а доколку тој потпише нов договор и клаузулата му е 100 милиони евра, шанси за трансфер на Камп Ноу ќе нема.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.