August 18, 2024 | | Свет
Манчестер Сити успеа да го совлада Челси сред „Стемфорд Бриџ“ со 2-0 со головите на Халанд и Ковачиќ. Ерлинг Халанд во 18.минута го отвори резултатот на асистенција на Бернардо Силва, а победа ја запечати Ковачиќ во 84.минута од дуелот. Воедно, Норвежанецот по натпреварот беше запрашан за песната која беше хит на Европското првенство и која е за Марк Кукуреља каде во самата песна се споменува токму Халанд, поточно дека Норвежанецот се тресе бидејќи Шпанецот доаѓа. „Марк Кукурела, тој е навистина смешен човек… Лани трчаше по мене и ми го бараше дресот, а сега измислува песна за мене“, рече кратко Халанд.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |