Бомба на Романо: Галата се договори со Наполи за Осимен!

September 2, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Бомба на Романо: Галата се договори со Наполи за Осимен!

Виктор Осимен е дефинитивно еден од губитниците на овој трансфер период. Тој не успеа да се договори со Челси, а од друга страна Ал-Ахли го ангажираше Ајван Тони, па ништо не испадна и од трансфер во Саудиска Арабија. Но, Фабрицио Романо ексклузивно пренесува дека Галатасарај постигнал начелен договор со Наполи за позајмица на Виктор Осимен! Станува збор за позајмица на една сезона каде платата ќе ја плаќа турскиот гигант. Претставниците на Галатасарај во наредните часови ќе се сретнат со агентите на Осимен за да се обидат да ги убедат и да добијат зелено светло од Нигериецот. Тие се согласиле да ја плаќаат неговата плата од околу 9-10 милиони евра каде нема никаква опција за откуп или обавезен откуп наредното лето. Целиот трансфер ќе зависи од Осимен кој и онака нема воопшто да игра фудбал ако остане во Наполи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.