Стоперот на Леверкузен уште сега потврди дека летото заминува, Барса и Баерн го посакуваат

September 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Стоперот на Леверкузен уште сега потврди дека летото заминува, Барса и Баерн го посакуваат

Дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џонатан Та потврди дека нема намера да го продолжува договорот кој истекува по завршувањето на оваа сезона. Со месеци Баерн Минхен преговараше за Германецот каде на крај не успеаа да го ангажираат бидејќи Леверкузен бараше околу 30 милиони евра, сума која ниту Баерн, ниту Барселона не беа спремни да ја платат. „Нема да ставам потпис на нов договор со Баер Леверкузен, веќе донесов одлука. Ќе го дадам максимумот до крајот и потоа ќе видиме каква ќе биде мојата иднина. Одлучив да заминувам бидејќи сакам ново искуство“, рече Та.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.