September 13, 2024 | | Свет
Хакан Чалханоглу добива огромни критики на своја сметка иако настапите на теренот зборуваат друго. Тој беше критикуван поради моменталната лоша форма, но тој рече дека не му е грижа за тоа бидејќи е номиниран за „Златната топка“. „Секогаш има критичари на моја сметка, но не им обрнувам премногу внимание. Не сакам да звучам арогантно, но по 21 година турски играч се врати на списокот за „Златната топка“. Јас сум горд на тоа“, рече Чалханоглу. Тој моментално настапува за Интер, а претходно играше за Милан од чии навивачи најчесто доаѓаат најголемиот дел од критиките.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |