September 21, 2024 | | Свет
Реал Мадрид ќе игра на Интерконтиненталниот куп во декември, поточно за трофејот наменет за светскиот клупски шампион. Наместо да почне од полуфиналето како другите години, Реал Мадрид ќе заигра директно во финалето. Турнирот ќе го отворат Ал Аин и Оукленд Сити, а мечот ќе се игра во Ал Аин. Потоа ќе бидат одиграни полуфиналните натпревари, едниот во Доха каде ќе се соочат победникот во Копа Либертадорес и мексиканскиот Пачука, а во другото во Каиро ќе играат Ал Ахли од Египет и победникот од Ал Аин и Оукленд. На 18. декември во Доха, Катар победниците од полуфиналињата одат во финалето на мини-турнирот и победникот ќе игра во супер-финалето каде што ќе игра против Реал Мадрид. Во 2025 година ќе започне новоформираното Светско клупско првенство на кое ќе учествуваат 32 клубови од светот и ќе се игра секои четири години. Тоа е уште едно натпреварување за кое фудбалерите и менаџерите зборуваа дека е непотребно. Истото ќе трае околу еден месец. „Старото“ Светско клупско ќе го врати името Интерконтинентален куп во кој секоја година ќе учествуваат шампионите на шесте светски конфедерации плус шампионот на земјата домаќин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |