Нуњез постигна страшен гол па плачеше во победата на Ливерпул над Бормут! (ВИДЕО)

September 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нуњез постигна страшен гол па плачеше во победата на Ливерпул над Бормут! (ВИДЕО)

Ливерпул славеше против Бормут со 3-0 на „Енфилд“. Домаќините успеаа уште во првиот дел да го решат натпреварот и да се вратат на победничките патеки откако минатото коло изгубија на домашен терен од Нотингем Форест. Најпрво на Бормут им беше поништен гол поради офсајд, а Луис Диаз набрзина одлучи да го реши натпреварот со два брзи гола во 26. и 28. минута. Третиот гол падна веќе во 37. минута преку Дарвин Нуњез кој со послабата нога постигна прекрасен гол.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.