Крос откри што се случило кога преговарал со Манчестер Јунајтед!

September 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Крос откри што се случило кога преговарал со Манчестер Јунајтед!

Тони Крос реши да се пензионира од фудбалот годинава тврдејќи дека тоа сакал да го направи во моментите кога уште играл на високо ниво за фудбалските фанови да го паметат по добро. Германецот сега откри дека кога се одлучил да замине од Баерн Минхен, можел да премине во Манчестер Јунајтед наместо во Реал Мадрид. Во периодот кога Дејвид Мојс беше тренер на Јунајтед, тој преговарал за трансфер во Англија. „Манчестер Јунајтед го отпушти Дејвид Мојс кога тој преговараше со Баерн Минхен за мене. После тоа, на негово место дојде Луи ван Гал и двете страни одлучивме да го стопираме трансферот“, вели Крос.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.