Скромно: Познато колку ќе заработува Тухел како селектор на Англија

October 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Скромно: Познато колку ќе заработува Тухел како селектор на Англија

Тухел утре и официјално ќе биде потврден како нов селектор на Англија каде веќе неколку месеци преговарал за да ја превземе репрезентацијата. Тој минатата сезона беше тренер на Баерн Минхен, а преговараше и со раководоството на Манчестер Јунајтед за да го замени Тен Хаг, но не дојде до договор. Сега е откриено и колкава плата ќе зема Германецот. Според новинарот Флоријан Плетенберг, тој ќе заработува помеѓу 4,5 и 5 милиони фунти. Воедно, тој може бесплатно да излезе од договорот со Баерн Минхен, иако неговиот договор со баварскиот клуб траеше до јуни 2025 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.