Кимих: Не бевме надиграни од Барса

October 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Кимих: Не бевме надиграни од Барса

Барселона го прегази Баерн Минхен со 4-1 во третото коло од Лигата на шампионите. После шест последователни порази на Каталонците во меѓусебните дуели, победата конечно дојде. Иако после голот на Барселона се чинеше дека Баерн Минхен ќе доминира во текот на натпреварот и дека тие се фаворитите за победа, сепак пристапот на Барса тотално го отсече тимот на Компани кој после вториот гол на Каталонците не успеаа да се вратат во игра. По поразот, Џошуа Кимих се правдаше за поразот и рече дека судијата Винчиќ помогнал во креирањето на конечниот резултат. „Ова е голем пораз за нас. Лошо стартувавме, но потоа успеавме да воспоставиме контрола и заслужено израмнивме. Имавме контрола и во продолжение, но тогаш тие постигнаа втор гол кој беше чист прекршок над Ким. За да биде полошо, примивме и трет пред крајот на првиот дел и тоа навистина не повреди. Одеднаш загубивме трпение и контрола и во тој момент го загубивме мечот. Ние ќе го анализираме овој натпревар, но јас сум мирен и спокоен бидејќи повторно игравме добар фудбал. Не бевме надиграни од Барселона, едноставно сите детали беа на нивна страна. Убеден сум дека сме на вистинскиот пат“, изјави Кимих.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.