Ветеранот му фати сѐ на Меси, но „бомбата“ на Алба го реши мечот! (ВИДЕО)

October 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ветеранот му фати сѐ на Меси, но „бомбата“ на Алба го реши мечот! (ВИДЕО)

Интер Мајами успеа да дојде до тешка победа од 2-1 против Атланта во првиот осминафинален натпревар од плејофот во МЛС. Реваншот кој ќе се игра во Атланта е закажан за следната сабота, 3. ноември. Иако Лионел Меси не ги искористи своите шанси, сепак тука беа Луис Суарез и Жорди Алба кои со своите голови донесоа победа за Интер Мајами. Во овој натпревар најмногу се истакна 40-годишниот голман на гостите, Бред Гизен кој своевремено бранеше и за Астон Вила, а на овој натпревар имаше дури десет одбрани. Атланта инаку е единствената екипа која сезонава стигна до победа против тимот од Флорида со Меси во составот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.