October 26, 2024 | | Свет
Јувентус утре го очекува тежок дуел против Интер, а пред самиот меч, тренерот Тијаго Мота даде свое мислење за тоа колкави се шансите неговиот тим да ја освои Серија А. „Јасно е дека фаворити за Скудетото се Наполи и Интер, тие ги освојуваа и во последните две. Утре мораме да се фокусираме и не смееме да правиме грешки ако сакаме успех“, изјави Мота. Тој го коментираше и поразот кој Јувентус го претрпе против Штутгарт во Лигата на шампионите, прв за нив сезонава. „Тоа е првиот пораз кој ни се случи оваа сезона. Дури и кога ќе победиме, продолжуваме понатаму. Немаме време да славиме и да размислуваме за победата. Минатото е минато. Штутгарт е зад нас, сега играме со Интер“, рече тој.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |